Изложбата Панаѓурите во градските и руралните средини во XIX и XX век во Османлиска Македонија е поставена во холот на Музејот на македонската борба!

Нашиот визуелен приказ на историските аспекти на овој интересен дел од македонската традиција и култура претставува сведоштво за првичните чекори од истражувањата кои Музејот ги прави во делот на материјалното движно културно наследство.

Проектот е поддржан од Министерството за култура, а автори се музејските водичи Дарко Трпевски и Владо Кузмановски. Изложбата можете да ја посетите од денес, 20 јануари, до 1 март, секој ден освен понеделник од 10 до 18 часот, со почитување на мерките за заштита од ковид, соопштуваат оттаму.