Музејот на современата уметност (МСУ) вечерва од 20 часот ќе ја претстави самостојната изложба на хрватскиот уметник, Владимир Фрелих, насловена „Black Raw Memory“.
Како што наведуваат од МСУ, изложбата е инспирирана од нештата што нѐ опкружуваат и кои оставаат во нас емотивна трага – позитивен или негативен став. Она што не ни се допаѓа и го сметаме за потрошено, расипано или непријатно, го потиснуваме складирајќи го на некое место каде што нема да ни се испречува и да нѐ потсетува во секој момент.
Со време тоа место е сѐ пооддалечено од нас. Според уметникот, поединци, општества, институции, села, градови, држави, секојдневно ги отфрлуваат деловите од својот мемориски и материјален идентитет, градејќи за себе утописка, епско-идеална слика во огледало – наведуваат од МСУ во најавата на изложбата.
Владимир Фрелих, дипломирал на Ликовната акдемија во Диселдорф, Германија. Се занимава со концептулно мултимедиски дела, кои доаѓаат често до граничните подрачја на медиумот.
Од 2007 година е професор на Уметничката академија во Осиек на отсекот за мултимедиуми, а од 2010 е гостин професор на Академијата за уметности во Нови Сад.
Comments are closed for this post.