Ретроспективна изложба на авторот Павле Кузманоски од Тетово ќе биде отворена вечер во Чифте амам.
Од Национална галерија на Република Северна Македонија информираат дека официјалното отворање на изложбата е закажано за 18:30 часот со почитување на протоколот за социјална дистанца. Изложбата ќе биде отворена до 23 октомври.
Куратор на проектот е Љупчо Маленков, виш кустос во Националната галерија на Република Северна Македонија.
Кузманоски досега приредил 53 самостојни ликовни изложби во земјата и во странство меѓу кои во Париз (Cite Internationale des Arts во 2000 и 2004), во Берлин ( воArt Center Galerie, 2009), во Нирнберг (во Ehrenhalle des Rathauses, 2009 ),во Њујорк, ( во Македонскиот културен центар), Во виена (воPalais Porcia, 2012) и други. Учествувал на преку 250 групни изложби во земјата и во странство.
Comments are closed for this post.