Претседателот Ѓорге Иванов денеска оствари средба со музичкото дуо “Некст Тајм” кои ја преработија песната “Нешто ќе те питам бабо” и предизвикаа многу коментари.
Момците на својата Фејсбук страна информираа дека им било голема чест што се сретнале со шефот на државата.
Огромна чест е што денеска имавме можност да бидеме гости кај претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, и да зборуваме на многу теми. Свесни дека не секој и секогаш има можност да седне на иста маса со него, така што веруваме дека овој момент ќе остане вечно во нашите сеќавања, напишаа “Некст Тајм” на својата Фејсбук фан страна.
Comments are closed for this post.