Или да се вратиме на финансирање преку програми, како порано или да се донесе нов Закон за научно – истражувачка дејност, кој ќе ни овозможи сретства за проекти, кои не ги добиваме веќе 10 години, побараа од Институтот за фолклор „ Марко Цепенков“, на одбележувањето 70 години од формирањето. Проблемот е што Институтот е придружна членка на УКИМ, а е под надлежност на МОН, велат од таму.

Од МОН со одговор дека се работи на целосна промена на начинот на финансирање на научно- истражувачката дејност преку воведување програмско и планско финансирање и продолжување на грантовото финасирање и дека работна група работи на целосно нов Закон за научно – истражувачка дејност.

Јубилејот -70 години постоење, Институтот кој прибира , документира, архивира и го афирмира нашето богато народно творештво , го одбележа со објава на монографија. Во неа низ текст и фотографии ја претставува својата работа.

Подготвена во време на пандемија, монографијата е во редакција на Катерина Петровска Кузманова и на Зоранчо Малинов. Ова е втора монографија во историјата на установата . Продолжувачите на делото на најистакнатиот наш собирач на умотворби, за пар пат објавија монографија за 30 годишното постоење на Институтот за фолклор.

 

извор: телма телевизија