Познатиот италијански пејач Ал Бано е ставен на црната листа на Украина, што значи тој „е опасен за националната безбедност“, јави Интерфакс.

Листата ја составува Министерството за култура врз добиени инструкции од Советот за национална безбедност во Киев, и Националниот совет за радиодифузија. На листата во моментот се наоѓаат имиња на 147 лица.

Ал Бано изненаден од одлуката изјави:Јас сум закана за националната безбедност на Украина!? Па, јас не се занимавам со политика, јас сум нормална личност“.

За весникот „Ла република“ тој изјави дека никогаш не рекол ниту еден лош збор за Украина, ниту, пак, изнесувал мислење.

За мене е неприфатливо пејач да биде сметан за терорист. Немам пиштол, ниту во моите мисли“, изјави тој за „Ла република“.

Ал Бано настапувал во Украина пред три години. На просторите на поранешен СССР тој и неговата поранешна сопруга Ромина Пауер имаат огромна популарност. Меѓутоа, тој често настапува во Русија, а се изјаснил против санкциите кон Русија и кажал дека има симпатии за претседателот Владимир Путин, „но не рекол лош збор за Украина“.