Ужасно е што е живееме во свет со кој доминира „селебрити“ културата. Јас ниту минута од мојот живот не сум потрошил на некое реално шоу, како „Кардашијанови“ или „некакви домаќинки“  – изјави рок легендата, Џон Бон Џови, во интервју за емисијата „Сандеј проџект“.

Бон Џови, кој со својот бенд се подготвува за турнеја низ Австралија ги критикуваше денешните џет-сет ѕвезди, за коишто смета дека нивната слава е лажна и дека не направиле ништо во животот со што би го заслужиле тоа внимание на публиката.

Што би пишувало во автобиографијата на Ким Крдашијан – снимив порно сцена и станав популарна! Тоа за мене не е нормално – вели Бон Џови.

Музичарот кој има продадено преку 130 милиони албуми во целиот свет има и совет за популарните млади музичари, коишто никнуваат преку ноќ.

На многу од нив им недостасува талент. Оди напиши книга, насликај нешто, глуми, учи, пеј … славата е само последица на добра песна“ – вели Бон Џови, нагласувајќи дека за успешна кариера во музиката е неопходно и добро испеана песна, а не само популарност на социјалните мрежи.