Горазд Китановски, е млад поет, кој деновиве на невообичаен начин се одлучи да ја промовира својата нова книга „Бетер Times”. Имено, возејќи се во автобусот со број 41, познатата линија до скопско Драчево, тој стана и пред патниците рецитираше дел од песните. Очекувано, настанот брзо стана вирален и експресно се прошири, а Китановски доби и аплауз од патниците.

-Рецитирав поезија во 41 (два пати дури, и на одење и на враќање). Чувството е феноменално кога на некој ќе му го разубавиш денот, барем на момент, вели тој во објавата на социјалните мрежи. Најави и дека веќе работи на своето ново дело:

-Работам на нов проект насловен “НИЕ”, каде “собирам стихови” од луѓе на веќе зададени теми. Деновиве ќе објавам повеќе за тоа. Ви посакувам убава вечер и гушнете се себеси пред спиење, заслужувате, им порача Горазд на своите следбеници на социјалните мрежи.