Досегашниот директор на општинската установа Дом на млади од Штип, Горан Трајков, на конкурсот распишан од Министерството за култура е избран да ја води НУЦК Дом на култура „Ацо Шопов“.
Горан Трајков дипломирал на Музичката академија во Скопје, а изминатите близу четири години го раководеше Дом на млади. Трајков е познат граѓански активист, кој ги предводеше протестите притив поскапувањето на струјата и дел од здружението КУЦ Текстил.
Во НУЦК Дом на култура Трајков доаѓа на местото на на Катерина Мишева.
Трајков ќе биде и првиот директор по подолго време кој е кадар вон институцијата. Изминатите години раководството на институцијата се бореше со насобраните долгови, натоварените обврски со прераспределба на општи работници во институцијата со специфична дејност од државни претпртијатија и баластот за пандемијата со ковид 19 со ограничените можности за сцнска дејност.