Шаренолик фестивал од секој аспект, од возраст на изведувачи, возраст на автори, жанрови на музика за сите вкусови и генерации, од класичен шлагер, до фанк, поп, рок, електро поп, ар-ен-би, најави денеска на прес конференција во Скопје, уметничкиот директор на фестивалот на музика „Макфест 2019“, Владимир Дојчиновски.
На 34. издание на „Макфест“ што ќе се одржи на 10, 11 и 12 октомври ќе се изведат 30 композиции. Меѓу изведувачите, како што соопшти Дојчиновски, ќе биде и групата „Фрајле“ кои ќе пеат на македонски и за кои вели дека во моментов се регионален хит. Во финалето ќе влезат 20 композиции, а Дојчиновски посочи дека можеби ќе има простор за уште две композиции.
На првата полуфинална веќер ќе настапат: Ристо Самарџиев со песната „Стопати на ден“, Столе Аврамовски со „Зрак“, Тоше Поп-Симонов „Си одиш ти“, Кристијан Габроски, Томислав Коцевски Пепси „Магија“, Бобан Василевски „Знам“, Роберт Билбилов „Не можам без тебе“, Виктор Апостоловски „Оди си“, Александар Митевски „Уште ми фалиш“, Григор Копров „Светот нека застане“, Филип Неделковски „Ранет херој“, Весна Малинова „Нема утре“, Александар Масевски „Возбуда и љубов“, Баже Темелков „Што ли да направам“ и Роберт Поп Димитров „Допир нежен и мил“.
На втората, пак, ќе настапат: Анастасија Габроска – „Завртив круг“, Иво Горов – „Вечно заедно“, Весна Малинова – „Крај“, Александар Р. Принц – „Фанк“, Горјан Стојановски – „Љуби ме“, Тоше Поп-Симонов – „Не и признавај“, Хари Котларевски – „Како странец“ , Александар Масевски – „Без дилема“, Иле Спасев – „Кој те учи така“, Александар Митевски – „Спомени“, Г. Копров – „Врела крв кубанска“, Дејан Георгиевски Ѕене – „Бела ајта“, Роберт Билбилов – „Во срцето“, Игор Шаревски – „Без тебе“ и Јован Јованов/Иван Јованов – „Љубовта не боли“.
Организатор на фестивалот е Општина Штип, со поддршка од Министерството за култура. И годинава, за преносот е задолжена МРТВ.
Comments are closed for this post.