Глумецот Бредли Велш, познат по споредната улога во филмот „Трејнспотинг 2“ убиен е во Единбург. Велш, кој во филмот го играше мафијашот Дојл, убиен е во пукотница која се случила во средата.
Полицијата соопшти дека добила повик синоќа околу 20 часот и дека е пронајден маж со повреди опасни по живот, кој потоа починал на лице место.
Неговата смрт се разгледува како сомнителна и отворена е истрага за убиството“, се наведува во соопштението од полицијата.
Велш, кој се занимавал со бокс, одлежал четири години во затвор заради изнудување пари од неколку агенти за недвижности. Меѓутоа, тој бил познат и по некои хуманитарни проекти, како што е нудење помош на младите да се тргнат од криминалот.
Comments are closed for this post.