Германски „Волксваген“ воспостави соработка со компанијата „еКласикс“, со кој од легендарната „буба“ ќе прават електрични автомобили.

Четерицилндричниот мотор од обичната „буба“ ќе биде заменет со мотор од малиот електричен модел на Воклсваген „е-Ап“, со сила од 81 коњи, што е значително повеќе од силата на било која стара „буба“.

Новата „е-буба“, или, како во Германија ја викаат „e-Käfer“, ќе биде потешка од класичната, пред се благодарение на батеријата од 36,8 киловати, што е речиси двојно поголем капацитет од оној кој го има батеријата на „е-Ап“.

Новата „е-буба“ брзината од 80 километри на час ќе ја достигне за нешто повеќе од 8 секунди, ќе може да постигне максимална брзина од 150 километри на час, а со едно полнење на батеријата ќе може да премие 200 километри.

Во нејзе ќе биде вграден и систем за брзо полнење на батеријата, со што ќе може да се наполни за околу 75 отсто за околу еден час.