Во Германија денеска срушена е некогашната термоелектрана на јаглен „Кнепер“, за што се употребени 250 килограми експлозив.

Електраната на периферијата на Дортмунд, затворена е во 2014 година, а со земја е срамнета по две експлозии. Остана само 28.400 тони шутм пренесува „Билд“. Во првата експлозија уништен е централниот дел на електраната висок 70 метри, а во втората кула заладење висока 128 метри и оџак со висина од 210 метри.


Германија планира да ги угасне своите нуклеарни електрани до 2022, а владата разгледува и затварање на електраните на јаглен до 2038 година со цел намалување на штетните гасови.