Луксузниот Мерцедес кој беше запленет од полицијата во акцијата против Веља невоља и припаѓа на фолк ѕвездата Драгана Мирковиќ, открила истрагата. Лимузината била со регистарски ознаки ДОН какви што имале повеќето возила на Драгана и нејзиниот сопруг Тони.
Тие имале фирма за изнајмување и лизинг на вакви автомобили. Екипата на Веља го имала изнајмено а во моментот на заплената го возел раперот Раста. Се претпоставува дека со него се извршени неколку кримнални дела.