Интересно видео снимено од норвешки рибар го покажува моментот кога еден галеб слетува на неговата глава и одлучува да не се помести од таму. На секој обид на Норвежанецот да ја избрка птицата од својата глава, таа само за неколку моменти се поместува, по што упорно се враќа на своето место.

Во неможност да го избрка галебот, рибарот, на предлог на неговите соработници, се обидува да комуницира со птицата, прашувајќи ја „до кога планира да седи таму“.