Кинеската компанија Bigpixel Technology објави панорамска фотографија од Шангај на која се гледаат лицата на луѓе на илјадници метри растојание! Кадарот е направен од врвот ТВ-кулата „Бисер на Истокот“, која е висока 468 метри.

Фотографијата има резолуција од 195 гигапиксели. За споредба, камерата на стандарден смартфон има сепаративна способност од околу 12 мегапиксели.

Неверојатниот кадар, кој веќе има над 8 милиони прегледи, претставува панорама од 360 степени, составена од мноштво фотографии. Фотката е трета по големина во светот и прва во азискиот регион.