Црквата „Свети Јован Канео“ во Охрид е инспирација за многу домашни, но и светски фотографи, па не зачудува фактот што токму фотографија со мотив на овој храм е наградена од неделното издание на лондонскиот весник „Тајмс“.
Црквата е и едно од најрепрезентативните и најпрепознатливите обележја на Охрид, а во конкретниот случај станува збор за фотографија која Стив и Џин Куртек ја испратија до весникот на отворениот конкурс, за потребите на специјалното издание за патувања „Treilfinders“.
Интересно е што победниците на серијата седмични фотографии влегуваат и во трка за финалната награда.
Амбиентот со Охридското Езеро, очигледно ја прави фотографијата атрактивна за најпознатите светски весници и престижните специјализирани списанија, кои знаат да ја вреднуваат природната убавина.
Comments are closed for this post.