Филхармонија в четврток во 20 часот ќе одржи концерт на кој како солистка ќе настапи една од најдобрите виолинистки на светската музичка сцена – Алена Баева од Русија. Со оркестарот ќе диригира Конрад ван Алфен од Холандија, а на програмата се Концерт за виолина и оркестар во де-мол, оп. 23 од Роберт Шуман и Симфонијата број 4 од Л.В.Бетовен.

Концертот за виолина и оркестар во де-мол, оп.23 е единствениот што го напишал германскиот романтичар Роберт Шуман (1810 – 1856). Концертот останал неоткриен речиси 80 години откако бил создаден. Делото има три става и во него поеќе се чувствува класичниот манир на неговата подоцнежна музика сублимирана во „Рајнска симфонија“ отколку поетскиот и страстен стил во неговите рани дела.

Маестро Ван Алфен е уметнички директор и шеф-диригент на Симфонискиот оркестар во Ротердам. Во изминатите 16 години го издигнал својот оркестар на ниво да биде интернационално признат оркестар и да стане домаќин на концертни серии во Ротердам, Хаг и Амстердам. Во моментот е уметнички директор на Московското филхармониско здружениево чии рамки редовно диригира со оркестрите од Москва, во познатата сала „Чајковски“. Исто така, тој е гостин-диригент и со оркестрите на добропознатите културни центри во Новосибирск и во Санкт Петербург. Во изминатите години, бројни оркестри низ светот настапиле под диригентската палка на Ван Алфен, и тоа во: Холанија, Германија, Белгија, Италија, Швајцарија, Англија, Данска, Израел, Словенија, Србија, Бугарија, Романија, Полска, Јужна Африка, Кина и Мексико.

Алена Баева брзо се етаблира како една од водечките виолинисти на својата генерација, со веќе завидна кариера зад себе и настапи со најдобрите светски оркестри и диригенти.