Овој четврток во 19 часот, оркестарот на Филхармонија ќе одржи концерт насловен „Музиката и градот“ на кој праизведба ќе доживее електроакустична симфониска поема „Скопје“ од македонската композиторка Ана Пандевска. На програмата се и „Фантазија за обоа и оркестар на фолк тема“ од Васил Атанасов В’чев (кој ќе настапи и како солист на обоа), Адаџето од Малер и „Роденденот на една инфантка“ од Шрекер. Диригент е Тимоти Редмонд од Велика Британија.
Ана Пандевска (1985) е македонска композиторка која пишува музика инспириран од фолклорот, џезот, амбиенталната музика, за во последно време нејзиниот интерес е насочен кон е електро-акустичниот израз. Симфониската поема „Скопје“е фузија од различни музички влијанија, истражувања и естетски вкусови сублимирано во едно дело. Инспирацијата за делото е градот Скопје, градот во кој самата композиторка е родена и живее и, во него, како што вели се обидува на урбан начин да ги пренесе своите емоции и најзначајните скопски знаменитости преку наративните семплови на електронската трака.
Густав Малер ја пишувал Петтата симфонија во периодот од 1901 и 1902 година во својата нова куќа во централна Австрија. Делото премиерно се извело во Келн во 1904 година и доживеало тотален неуспех. Критиката пишувала дека симфонија е „предолга, дека е напишана за огромен оркестар и дека музиката е преполна со драма и звучно насилство“. На тогашната публика и се допаднал само четвртиот став „Адаџето“ напишан само за харфа и оркестар, кој претставува своевиден „остров на спокојство во турбулентното море“.
„Роденденот на една инфантка“ е танц пантомима на австрискиот композитор Франц Шрекер (1878-1934). Го напишал во 1908 година како нарачка ипретставува клучно дело на сецесионизмот и премер на т.н. „тотално дело“. Изведбата на ова дело имала одличен одзив кај критиката и публиката, а со него Шрекер си обезбедил клучно место на виенската музичка сцена. Музиката е инспирирана од истоимената новела на Оскар Вајлд.
Проф.м-р Васил Атанасов, музички уметник-обоист и припаѓа на онааодбрана плеада репродуктивни уметници во македонската култура, којасвојата силна уметничка дејност на концертната сцена, со моќниот говор насвоjот инструмент ја гради денешната музичка култура и традиција кај нас.Неговата истрајност на патот на уметноста, на патот кон креативнатаинтерпретација се граничи со строг фанатизам на еден силен и енергичендух на карактерен човек и длабоко вљубен уметник во звукот на својотинструмент, кој за него живот значи-обоата.
Тимоти Редмонд студира обоа на Кралскиот северен колеџ за музика, а подоцна се усовршува на мајсторски курсеви по диригирање со Јан Паскал Тортелије, Иља Мусин, Џорџ Хрст и Пјер Булез. Од 2006 година Тимоти Редмонд е шеф-диригент на Филхармонијата на Кембриџ и диригира со сите водечки британски оркестри, меѓу кои Лондонскиот симфониски оркестар, Кралскиот филхармониски оркестар од Ливерпул, оркестарот на градот Алстер, филхармониските оркестри на „Би-Би-Си“ и многу други. Кариерата го води во Франција, Белгија, САД, Финска, Босна и Херцеговина, каде што диригира со оркестри и работи на оперски продукции. Неодамна во САД, Редмонд работи како диригент на подготовките на нова опера базирана на приказната „Чарли и фабриката за чоколада“, а неодамна ја збогатува сопствената дискографија снимајќи компакт-диск со француската виолончелистка Офели Гајар за „Наив рекордс“. Неодамна дебитира во театарот „Марински“ од Санкт Петербург, диригирајќи ја руската премиера на современата опера „Напудри го нејзиното лице“ од Томас Адес, која претходно ја диригира во Кралската оперска куќа, „Ковент гарден“ во Лондон. Оперските ангажмани вклучуваат продукции во англиската Опера Норт, Англиската туринг опера, Операта на Тенерифе, Фестивалот Глајндборн, Операта во Стразбур и Фламанската опера. Во сезоната 2009/10 дебитира во САД со операта на Сент Луис и повторно настапува во Кралската оперска куќа „Ковент гарден“ во Лондон. Во иднина го очекува премиерата на операта „Напудри го нејзиното лице“ од Томас Адес во Англиската национална опера.
Comments are closed for this post.