Три групи обожаватели на Мајкл Џексон ги тужеле за клевета пред француски суд двете жртви, Вејд Робсон и Џејмс Сејфчук, кои наводно поп пејачот ги злоставувал.
Робсон и Сејфчук, кои сега имаат 41 и 37 години, го обвиниле Џексон во четиричасовниот документарец дека наводно долги години сексуално ги злоставувал додека биле малолетни, во 80. и 90. години од минатиот век.
Иако не се француски државјани, против нив е поденсена тужба во таа земја бидејќи во Франција е забрането со закон да се изнесуваат кривични обвинувања против починати, објави Си Ен Ен.
Фановите ги тужат двајцата за симболична сума од едно евро, поради, како што се наведува, „нарушување на спомените за починатиот“.
– Не се во прашање пари, станува збор за срце, истакна Емануел Лудо, адвокат на фановите на Џексон.
Адвокатите на Робсон и Сејфчук во САД изјавиле дека тужените немаат коментар за случајот.
Претставници на судот во францускиот град Орлеан, каде неодамна е одржано сослушување за овој случај, наведуваат дека тужените не присуствувале и дека немаат правни застапници во Франција
Comments are closed for this post.