Откако претставникот на Холандија, Данкан Лауренс победи на синоќешниот Евросонг во Тел Авив, холандската јавност веќе почна да погодува кои градови ќе се вклучат во трката за домаќин на изборот на песна на Евровизија во 2020 година.

Холандските медиуми јавуваат дека интерес за организација на Изборот следната година веќе најавиле Амстердам, Ротердам, Хаг и Мастрихт.

Инаку, успехот на 25-годишниот Лауренс со песната „ Arcade”, е прва победа на Холандија по 44 години.