Најголемата приватна јахта е голема колку две фудбалски игралишта. Ќе биде долга 229 метри, наречена е проект Валкири и чини 680 милиони евра. Со нејзината импресивна големина ќе ја симне од првото место јахтата во сопственост на претседателот на Обединетите Арапски Емирати Бин Зајед Ал Нахјан, која е долга 180 метри.
Најдолгата јахта ќе може да прими 52 гости и 92 припадници на посадата, а гостите ќе можат да уживаат во коцкарници, театар, ресторани и уметнички галерии. Јахтата е дело на јужнокорејскиот дизајнер Чулхун Парк. Јахатат ќе биде направена од алуминиум и карбонски влакна.
Comments are closed for this post.