Пејачката Емина Јаховиќ ги воодушеви своите фанови со најновите фотографии на кои се гледа големата промена која ја направила.

Емина ја променила бојата на косата, за потребите на спотот кој го снима. Пејачката до сега не ексериментирала со  бојата на косата и најчесто ја менувала  само должината.

Сепак овој пат отишла чекор понатаму.

Иако очигледно  дека во прашање е само перика, многу прокоментираа дека оваа боја подобро и стои.