Емили Ратајковска одново сподели на Инстаграм разголена фотка, но овојпат моделот позира чисто гола, со цел да го привлече вниманието кон една од најактуелните социјални теми-предлог законот во државата Алабама со кој се забранува абортусот по шестата гестациска недела.

Дваесет и седум годишната моделка смета дека секоја жена има право на абортус, зашто таа одлука се однесува на нејзинот здравје и тело, а налагањето закон што би ја ограничил таа слобода е во спротивност со човековите права.

Нашите тела, наша одлука, гласи повикот на Емили на социјалните мрежи.