По повод Меѓународниот ден на граѓанскиот активизам и волонтеризам, Пивара Скопје доби значајно признание за коропративно волонтирање за 2018-та година, за успешната реализација на едукативниот проект „За безбедни и здрави школски денови “. Наградата ја доделува Советот за волонтерство на Општина Битола, во соработка со УСАИД Македонија.
Инаку, во спроведувањето на овој едукативен проект секоја година учествуваат над 70 вработени и членови на менаџментот на Пивара Скопје, кои своите знаења од областа на здравјето и безбедноста при работа, на иновативен и забавен начин, им го пренесуваат и на учениците од основните училишта ширум земјата.
Преку реализацијата на овој проект, само оваа година, вкупно над 8400 ученици од четврто одделение во 112 основни училишта во 17 општини и градови во земјава, научија како правилно да го носaт школскиот ранец, како правилно да го држат телото при седење во училишната клупа, кога пишуваат или се пред компјутер и за тоа како да спречат повреди предизвикани од лизгање, препнување и паѓање. Дополнително, учениците добиваат и совети како да се грижат за животната средина, за хигиената во училиштето и надвор од него и за тоа како да постапат при евентуална појава на пожар во училиштето или во други објекти каде престојуваат.
Ова е петта година по ред како се спроведува овој едукативен училишен проект на Пивара Скопје, кој досега го поминале вкупно над 26.000 основци во земјата.
Comments are closed for this post.