Центарот за развој на Наса објави видео, во  кое се покажува дека сондата на Инсајд, која од минатата недела се наоѓа на Марс, сними звуци од ветерот на Марс, со ниска фреквенција.

Се проценува дека брзината на ветерот била од 16 до 24 километри на час, а научниците наведуваат дека станува збор за први звуци од Марс кои можат да се слушнат со човечко уво.

Тоа ме потсетува на седење надвор во ветровито летно попладне. На некој начин, така би звучело да седите во сондата на Инсјад на Марс, вели Дон Банфилд, научник во универзитетот Корнел.

Научниците вклучени во проектот се согласуваат дека звукот е со вонсериски квалитет. Томас Пајк од кралскиот колеџ во Лондон вели дека звуците се “сосема различни од она што го искусивме на земјата”.

Звуците беа снимени од сензорот за воздушен притисок и сеизмометарот на сондата.

Ниската фреквенција се должи на ниската густина на воздухот на Марс, но исто така и на сеизмометарот, чија цел е да се откријат сеизмички бранови во тлото под него.

Инсајд слета на Марс на 26-ти ноември.