Актерката Фелисити Хофман, која се прослави со улогата во серијата „Очајни домаќинки“ е уапсена поради мито, но и набргу пуштена на слобода со кауција од 250.000 долари.
Седум агенти на ФБИ изутринава се појавиле пред домот на Фелисити Хофман (56) и ја одвеле во притвор.
Таа денеска е пуштена со кауција, а судот и го одземал пасошот за да не може да ја напушти земјата, а пред судијата ќе се појави повторно на 29 март.
Хофман е обвинета дека платила мито на посредници за нејзиното дете да се запише на еден од престижните факултети.
Со обвинението се опфатени околу 40 влијателни луѓе кои на престижните универзитети (Јеил, Стенфорд, Џорџтаун, Сан Диего, Тексас, Јужна Калифорнија, Вејк Форест и Лос Анѓелес) донирале дури шест милиони долари за нивните деца да станат дел од студентите.
Хофман и нејзиниот сопруг на еден универзитет донирале 15.000 долари, за кои надлежните сметаат дек помогнале нивната најстара ќерка да се запише на студиите. Според пишувањата на медиумите истото сакале да го направат и за помалата ќерка.
И актерката на серијата „Полна куќа“, Лори Локлин е опфатена со обвинението, а таа наводно на Универзитетот Јужна Калифорнија, на кои се наоѓаат двете нејзини ќерки, донирала 500.000 долари.
Лори не е приведена, но затоа е приведен нејзиниот сопруг Мосимо Џанули и одредена му е кауција од милиони долари.
Инаку, според обвинението, посредници ги фалсификувале документите на децата, вклучувајќи ги нивните испити, за да им го олеснат запишувањето.
Против Вилијам Сингер, кој бил на чело на мрежата, подигнати се четири обвиненија, меѓу кои и оние за изнудување и перење на пари. Се очекува дека тие ќе ја признаат одговорноста.
Наводно криминалната организација примила вкупно 25 милиони долари од родителите кои сакале да ги видат своите деца на престижните универзитети како Јеил, Џорџтаун, Стенфорд, Универзитетот Јужна Калифорнија и Вест Лејк.
Вкупно 33 родители се обвинети дека му се обратиле на Сингер.
„Не може да постои посебен систем за запишување на факултетите за побогатите, како и посебен правосуден систем за истите“ – прокоментирал главниот државен обвинител на Масачусетс, Ендру Лелинг на конференцијата за новинари во Бостон.
Comments are closed for this post.