Палестинското движење „Исламски Џихад“ од Појасот Газа  најави дека ќе го наруши натпреварот за “Песната Евровизија”, кој започнува за 10 дена во Израел, објави “Тајмз на Израел”.

Тие се заканија со терористички напад токму кога почнаа да пристигнуваат делегациите за Евросонгот кој ќе се одржи од 14 до 18 мај и кој ќе привлеч илјадници туристи во Израел.

“Ќе спречиме непријатели да успеат во одржувањето на кој било фестивал чија цел е да му наштети на Палестинскиот народ”, истакна „Исламски Џихад“ во соопштението.