„Сонување“ е насловот што шкотскиот фотограф, Алберт Вотсон, му го даде на Календарот Пирели 2019, 41. издание на најпознатиот серијал уметнички календари на светот. Моделите што се појавуваат во ова издание се Џиџи Хадид, Летиција Каста, Џулија Гарнер и Мисти Коупленд.
Инспирацијата за своето дело, фотографот ја бара во една од своите најголеми страсти, киното, па затоа, моделите наместо едноставно да позираат, интерпретираат ролји и карактери што раскажуваат приказни за нивните соништа.
Џиџи Хадид (во својата приказна придружувана од актерот Александер Ванг) е претставена во ликот на една неодамна разведена жена која живее во кула од кристал. Џулија Гарнер му дава живот на ликот на жена вљубена во природата и осаменоста. Летиција Каста еслиакрка која сонува за успех, додека Мисто Коупленд е претставена како балерина.
Comments are closed for this post.