Ќерката на претседателот на САД ужива во одморот во Белград. Тифани Трамп ја избра престолнината на Србија за неколкудневен престој со нејзиното момче. 25-годишната Тифани прво што направи во Белград е да го почуствува ноќниот живот.

Таа ги посети кафеаните на Скадрлија како и многубројните дискотеки. Во една од кафеаните ја забавувал познатио фолк пејач Џеј, а фотографирањето било строго забрането.

Сепак, папараците успеаја да ја уловат Тифани како шопингува во еден трговски центар, а околу неа имаше неколкумина американски агенти кои не ја испуштаат од вид.