Филмот на Ник Бромфилд „Мариен и Ленард: Зборови на љубов“, филм кој ја истражува врската меѓу канадскиот поет и музичар Ленард Коен и неговата муза, Норвежанката Мариен Ихлен, ќе го отвори годинешниот Фестивал на документарен филм во Солун.

Документарецот, кој премиерно се прикажа на Сандeнс минатиот месец, ја бележи комликуваната романса од времето кога двајцата за прв пат се сретнаа раните 1960. на грчиот остров Хидра, кога Коен уште не е меѓународно славен уметник, па до периодот кога тој станува светски познат. Двајцата починаа во рок од два месеци во 2016 година.

Солунскиот фестивал се одржува од 1 до 10 март и се уште не е познато кој од екипата од филмот ќе учествува на него.