WhatsApp веќе го прегази Вибер по популарноста , така што авторите на Вибер најавија дека во 2019 ќе привлечат нови корисници.

Од компанијата го најавија редизајнираниот Вибер 10 на оваа популарна апликација , која би требало да го забрза и подобри визуелно комуницирањето. Од компанијата најавуваат едноставен изглед на насловната страница и ќе биде сличен на WhatsApp.  Фокусот е ставен на едноставната навигација и подобрување на пристапот на приватните групи и ,,чет” заедниците.

Додадена е и опцијата ,,повикај” , каде корисниците ќе може да ги најдат последните водени разговори , пристап до сите контакти и други новини.

Корисниците на Вибер ќе може да комуницираат со другите корисници , без потреба да ги знаат нивните телефонски броеви , како што е сега.

Освен тоа , ќе ја има опцијата на групни повици. Измените ќе може да ги видат корисниците во наредните неколку дена.