Со административни одлуки ја зголемивте цената на горивото за 6.4 денари, обвини денеска пратеникот Илија Димовски на пратенички прашања.

Димовски обвини дека на покачувањето на цените не влијаеле цените ба светските берзи туку само одлуките на владата на СДСМ.

Според Димовски 3.5 денари е покачувањето на акцизата додека за вкупно 3 денари се зголемиле маржите за малопродажбата, големопродажбата и за транспортот.

Господине Заев, граѓаните плаќаат 6.5 денари повеќе за литар гориво и на тоа не влијаат ниту цените на светските берзи ниту курсот на доларот. Влијаат само вашите одлуки. На 20 литри гориво граѓаните си ја плаќаат радиодифузната такса која нели ја укинавте” рече Димовски додавајќи дека без овие одлуки сега литар дизел ќе чинеше околу 57,5 денари.

Заев одговори дека и со ова покачување Македонците се уште плаќаат најевтино гориво додавајќи дека маржата не е зголемена туку намалена.