Велелепниот 19-каратен розов дијамант синоќа е продаден за повеќе од 50 милиони евра на наддавање во аукциската куќа Кристи во Женева. Тоа е нов светски рекорд за цената  на еден карат за скапоцен камен со таква боја, пренесува АП.

Дијамантот „Розово наследство“ бил откриен пред околу еден век во Јужна Африка. На аукцијата го купила американска фирма во сопственост на швајцарската група за часовници „Своч“ по 10-минутно наддавање, со учество на четворица кандидати за купувачи.