Младата Самр Реј е најпопуларниот фитнес модел во светот. Таа веќе има речиси 20 милиони следбеници на Инстаграм. Основната причина за да се следи нејзиниот профил е што нејзиниот задник се смета меѓу најубавите во светот.
Реј имала 17 години кога ја добила првата фитнес награда. Денес е најбогатиот фитнес модел во светот, зашто за еден од нејзините постови се плаќа околу 50.000 долари. Девојката има неполни 22 години и веќе е популарна заради нејзините задни делови.
Реј е родена во спортско семејство. Родителите и се бодибилдери, кои и до ден денес учествуваат на натпревари. Тоа е и една од причините што е толку успешна. Уште од 14-годишна возраст е присутна во спортските сали, а засилено почнала да тренира како тинејџерка.
Уште од рана возраст на Реј и е јасно како одвнатре функционира фитнес индустријата. Брзо станува фитнес тренер, а програмите, што таа ги подготвува, стануваат скапи. Убавицата одлучува да се развива на социјалните мрежи, зашто, според неа, таму е иднината.
Моментно Реј е и модно лице на неколку брендови за облека и козметика, а има и сопствена апликација, со која, исто така, заработува пари. Таа тврди дека не употребила фотошоп на ниту една своја фотографија. Истовремено потврдува дека покрај секојдневните тренинзи, мошне важен е и начинот на исхрана. Реј држи строга диета во која има многу зеленчук, овошје и ореви.
View this post on Instagram
wow 19mil I love you guys so much ❤️ so so sooo thankful for every single one of you 😽🙏🏼💕✨
Comments are closed for this post.