Жителите на Јагодина најмногу сакаат во нивниот музеј на восочни фигури да ја видат фигурата на српската естрадна ѕвезда Светлана Цеца – Ражнатовиќ

Ова го покажува истражувањето кое го спровело музејот чии експонати кминатата година ги виделе околу 12 000 посетители.

Водичот Тамара Николиќ вели дека освен на фигурата на Јосип Броз Тито децата најмногу се воодушевуваат на Слободан Милошевиќ, Зоран Ѓинѓиќ, Цар Душан, Милан Обреновиќ. Меѓу најголемите атракции е и Владимир Путин.

Посетителите на сајтот гласаат за фигури на историски личности и секако Цеца Ражнатовиќ, вели Тамара.