Фановите на Барселона добија нова миленичка. По веста за трансферот на Кевин Принс Боатенг во фудбалскиот гигант, шпанските медиуми не можеа да останат имуни на жената со која фудбалерот доаѓа на „Камп ноу“, а приврзаниците многу брзо јавно ги заборавија досегашните миленички Антонела и Шакира, поубавите половини на Меси и на Пике.

 

Моделот и ТВ-водителката Мелиса Сата во минатото беше со Кристијан Виери и Џанлуиџи Буфон, но со години е со Боатенг и имаат дете. Нивната врска се развива перфектно, зашто убавицата често се сметаше за одговорна за спортската форма на фудбалерот заради постојаната потреба од секс.

Често ме обвинуваат кога Кевин е со контузии, особено кога ќе разберат дека имаме секс седум до десет пати во неделата, откри пред извесно време Сати.