Во Фоајето на Националната опера и балет вечерва публиката ќе има можност да го проследи концертот „Везилка“ на познатиот македонски оперски пејач Благој Нацоски, кој веќе долго време живее и работи во Италија. Нацоски е врвен уметник чии оперски изведби бележат огромни успеси во сите оперски куќи во Италија па и пошироко, но во текот на овој месец токму македонските слушатели ќе имаат можност во живо да ги проследат настапите на нашиот најпознат тенор, и да уживаат во неговите неповторливи изведби.

Нацоски студиите ги завршил во Италија, а веднаш потоа токму оваа држава ја избрал како место за живеење, но и за професионално надградување.