Меѓународен ден на чоколадата  е 7 јули и  е прогласен  во 1550 година , бидејќи тогаш беше испорачана првата чоколада од Америка до Шпанија.

Ацтеките ги нарекувале какао зрна како “храна за боговите” и ги користеле како средство за плаќање.

Според најнови  статистики, во текот на својот живот, еден човек троши просечно околу 10.000 чоколади.

Најновите научни истражувања ги потврдуваат придобивките од слаткото искушение за здравјето. Изборот на умерено чоколадо може да го намали крвниот притисок.Чоколадо, а особено темното, има состојки, познати како флаваноли.

Анализа на  научници од Австралија покажа дека едно парче дневно го има истиот ефект врз крвниот притисок како половина час тренинг.

Дневната потрошувачка на мали количини чоколада штити од срцев удар и мозочен удар. Затоа блокче црна чоколада попладне може да биде одлична алатка против менталната и физичката замор кои ни фаќаат во тоа време од денот. Го зголемува шеќерот во крвта и го оживува умот.