Голем број луксузни спортски автомобили се главната атракција на плоштадот Македонија во центарот Скопје. Станува збор за изложба на спортски возила, од целиот свет.

Дефилето на овие, за скопските улици несекојдневни, автомобили предизвикаа огромен интерес на минувачите низ центарот. Многумина од нив направија напор да застанат покрај, за нив, омилените модели на автомобили и да направат по некое селфи.