Проф. д-р Дејан Докиќ, директор на Универзитетската клиника за пулмологија и алергологија, вечерва во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 упати одлични совети за тоа што треба да направиме доколку сме позитивни на коронавирус.

Како прво и основно правило, вели тој, е консумирањето на многу течности бидејќи самиот вирус прави оштета на ткивата и има токсини што треба да се исфрлат.

Тој додава дека заболените лица треба да земаат и витаминска терапија, но претпазливо затоа што може да се оштетат бубрезите бидејќи се излачува преку нив.