Кога на едно место ќе се најдат три генерации  публика тогаш мора да се признае дека станува збор за вистинска легенда. Да, тоа секако е Здравко Чолиќ кој очигледно дека е омилен кај македонската публика.

Тој за само една недела успеа повторно ја ја наполни салата „Борис Трајковски“.

Фото: Pragma

Уште од првите тактови публиката пееше со него во еден глас, без разлика дали станува збор за песни кои настанале кога можеби и не биле родени, па се до последниот албум „Она малку среќа“.

Иако има 67 години Чола изгледа како вистински мангуп и може без проблем да пее дури три часа.

Секоја чест.

Фото: Pragma