Авионот цесна со кој загинаа четворицата бугарски туристи важи за еден од нај распространетите летала во светот. Станува збор за американски авион првпат произведен во 1957 година и се правел се до 1986 година. Има од четири до шест седишта а чини од 150.000 до 200.000 долари во зависност од годината и карактеристиките.
Конкретниот модел „P-210“ бил за шест патници. Овој модел е доста осетлив на временски услови што веројатно е и причина што се срушил над Солунска Глава.
Според бугарските закони за да се лета со ваков авион потребна е лиценца која вклучува 140 часа теорија и 40 часа пракса.
Comments are closed for this post.