Цеца со голема жал се прости од својот кум Борислав Пелевиќ кој почина по долго боледување. Тој беше венчален кум на Аркан и Цеца и нивен голем пријател. Нивното познанство датира кога биле заедно на воиштата со Српска доброволна гарда.

Веста за смртта на кумот многу ме погоди.Тој беше наш голем пријател и член на нашето семејство.Не можам да верувам дека прерано не напушти.Неизмерната болка ја делиме со неговото семејство-изјави Цеца.