Европската комисија денеска донесе одлука за промени во користењето на дигиталните сертификати за ковид во 2022 година.
Граѓаните ќе можат да ги користат овие потврди девет месеци, поточно 270 дена без бустер доза од вакцината, а новите правила ќе стапат на сила од 1 февруари и ќе бидат обврзувачки за 27-те земји-членки на ЕУ.
Кога правилото ќе стапи на сила, од земјите-членки на ЕУ ќе се бара да им овозможат пристап до нивната територија на целосно вакцинирани патници со валиден здравствен сертификат. Но, како исклучок оправдан со влошената епидемиолошка ситуација, земјите-членки на ЕУ сепак ќе можат да бараат дополнителни барања во форма на PCR тестови или карантин.
Земјите-членки на ЕУ, вклучувајќи ги Грција, Португалија и Италија, во моментов бараат од целосно вакцинирани патници од други земји на ЕУ да направат негативен тест за коронавирус по пристигнувањето.
Во исто време, беа усвоени правила за координација на сертификатите со цел јасно да се разликуваат доказите за примарна вакцинација од оние поврзани со бустер дозите.
– Новите правила ќе обезбедат мерките кога станува збор за патување да се засноваат на најдобрите достапни научни докази и објективни критериуми. Континуираната координација е од суштинско значење за функционирањето на единствениот пазар и ќе обезбеди јасни насоки за граѓаните на ЕУ во остварувањето на нивното право на слободно движење. изјави портпаролот на Комисијата Кристијан Виганд.
Comments are closed for this post.