Јелена Карлеуша во најлудата ноќ настапи на градскиот плоштад во Крагуевац каде беа срушени сите рекорди на посетеност.

Пејачката ја хипнотизираше толпата од неколку стотици илјади луѓе, а пред публиката се појави како секси Баба Мразица во црвен тесен костим од латекс.

Карлеуша среде концертот рече дека нејзиниот настап за дочек на 2025 година е подарок за сите граѓани на Крагуевац, но и за оние кои дошле од различни градови во регионот, најмногу од Бугарија.

Таа ја запали публиката и го отвори концертот со песната „Слатка мала“, На сцената летаа рози, полнети играчки и срца со пораки за љубов.