Популарната пејачка Бритни Спирс откако некое време помина во психијатриска клиника се врати на својот секојдневен живот.
Бритни со нејзината мајка Лин ужива на Карибите, додека синовите Шон и Џејден не беа со пејачката која пред помалку од три месеци ја напушти психијатриската болница во која влезе на нејзина иницијатива.
Триесет и седум годишната пејачка за на плажа избрала минијатурен бикини со чипкасти детали кои го истакнуваат нејзиниот секси задник.
Иако кај пејачката се приметуваат неколку килограми повеќе, на прв поглед има стас, но и изгледа како тинејџерка.
Популарната блондинка покрај секси фигурата покажа и гимнастичарски способности. Таа без проблем прави стој на раце. Спонтаноста на Бритни ги воодушеви присутните, а нејзините „лудории“ забавни за сите.
Бртини неодамна уживаше на јахта со нејзиниот згоден дечко Сем Асгариј (25) во Мајами.
Comments are closed for this post.