По разделбата, актерот и режисер Бредли Купер и манекенката Ирина Шајк ќе живеат во различни држави и затоа не можат да се договорат околу чувањето на нивната четиригодишна ќерка, соопшти сајтот Метро.

Ирина сака да живее во Њујорк, а Бредли ќе остане во Лос Анџелес заради филмската кариера.

Кога Бредли и Ирина се разделија пред три недели се говореше дека нивните односи остануваат пријателски и оти ќе ја споделат грижата за детето родено во март 2017 година.

Откако Ирина си го зема куферот и замина од заедничкиот дом без венчалниот прстен, Бредли се грижи за малата Леа во текот на денот. Минатата недела, пак, Ирина беше снимена во Њујорк со малата Леа каде имаше професионален ангажман. Обајцата се преоптоварени со обврски и досега не објавиле како планираат да ја поделат работата со родителските обврски.