Актерот Бред Пит наводно е во врска со оскаровката Шарлиз Терон, откако двојката била видена заедно минатиот викенд на прикажување на филмот „Roma” во дворецот Мармонт, западен Холивуд.

Тие двајцата ги запознал поранешниот вереник на Терон, Шон Пен, пишува Британскиот таблоид „Д Сан“.

Според извори на таблоидот, Терон и Пит биле многу интимни и изгледале среќно.

Пит зад себе има два брака, со Џенифер Анистон и со Анџелина Џоли, со која има шест деца. Додека Терон има две посвоени деца.