Легендарниот актер и режисер Зијах Соколовиќ кој е на регионалната сцена над 50 години, се заразил со коронавирус и поради лошата клиничка слика е хоспитализиран пред неколку дена и се лечи во болница во Белград. Во телефонскиот разговор со новинарите од „Блиц“ актерот изјавил дека засега бил добро иако се чувствувал уморно.

Актерот пред неколку месеци беше во самоизолација заради коронавирус, и тогаш апелираше до колегите да се чуваат и да седат дома за да може уметноста да го преживее овој удар на пандемијата.